Женската македонска ракометна репрезентација ја забележа втората победа во квалификациските натпревари за обезбедување бараж натпревар за пласман на Светското првенство 2019.

По триумфот во првото коло вчера над Азербејџан, избраничките на селекторот Симе Симовски вечерва го совладаа Исланд со 29:21.

По две рунди во квалификациска група во Скопје, Македонија е лидер со четири бода, Исланд има два, Турција и Азербејџан се без бодови и натпревар помалку.

Во последното коло утре Македонија од 20 часот игра со Турција.