Во рамките на 8 коло од женската ракометна супер лига ракометарките на Куманово попладнево на гостински терен приредија вистинско изненадување и ја совладаа екипата на ЖРК Металург во Скопје со 30:18 (13:9) со што ја забележаа и шестата победа сезонава

Ракометарките на ЖРК Куманово продолжуваат со успешните игри во новата сезона што го покажува и денешната висока победа на водечката екипа во женската супер лига на жешкиот терен во Автокоманда каде што попладнево речиси ја декласираа домашната екипа на Металург која ја совладаа со високи 12 гола разлика (30:12). Попладнево во салата на Автокоманда на теренот постоеше само една екипа а овој пат тоа беше екипата на ЖРК Куманово која што на попладневниот натпревар во текот на целиот натпревар беше подобар противник кој на теренот во текот на целиот натпревар имаше контрола врз играта и врз резултатот со што на крајотсосема заслужено стигна до својата шеста победа оваа сезона.

Најефикасни ракометарки на натпреварот во победничката екипа на Куманово беа Боризовска Александра со 8 и Кипријановска Јованаа со 7 голови додека пак кај домашната екипа на Металург Гулицоска Теодора со 6 и Калајџиевска јана со 4 постигнати голови.

Во наредното 9 коло од домашното првенство екипата на ЖРК Куманово на домашен терен се среќава со екипата на ЖРК Деспина.

T.Д.