Македонскиот шампион Вардар обезбеди трето учество на фајналфорот во ракометната Лига на шампионите едноподруго, откако на гостувањето против Пик Сегед, вечерва, ја одбрани предноста од осум гола од првиот меч во Скопје.

„Црвено-црните“ загубија со 25-29 во реваншот, но беа подобри со вкупен резултат од 56-52 во двомечот од четврт-финалето на ЛШ, благодарение на победата од 31-23 во Скопје.

Унгарскиот претставник на полувреме имаше водство од 17-9, но вардарци со одлична игра во вториот дел, успеаја повторно да стигнат до завршниот турнир во Келн.

За трофејот во ЛШ, покрај Вардар, ќе се борат и Барселона, Киелце и Веспрем.