Фото: Дарко Андоновски

Европскиот шампион Вардар ги надмина проблемите од првото полувреме, во кое, неочекувано, Порто имаше водство од два гола, за да стигне до победа од 32-27 (14-16) над португалскиот претставник, втора во низа во овогодишната Лига на шампионите, за прво место во групата Б.

Порто предводен од Мбенге и Бранкињо се држеше израмнето во првите 20 минути од мечот, за во лош финиш за вардарци да поведат со дури четири гола разлика (14-10), пред Вардар да намали на 14-16.

Но, во второто полувреме го видовме вистинскиот лик на шампионите. Во фуриозни 15 минути, „црвено-црните“ направија целосен пресврт и Вардар имаше водство од седум гола (27-20), пред рутински да се доведе мечот до крај.

Даинис Криштопанс постигна со седум гола, исто колку што постигна и Чупиќ, додека по пет имаа Дибиров и Шишкарев, додека Бранкињо постигна седум гола за гостите.