Фото: Игор Бансколиев

Македонскиот првак Вардар го победи Металург на гостински терен со 26-27 (13-11) во македонското дерби на СЕХА-лигата, одиграно во СЦ „Борис Трајковски“.

Тимот од Автокоманда долг период беа рамноправен ривал, во второто полувреме имаа и плус четири предност (16-12), но на крајот пресуди искуството на Вардарци.

Металург имаше шанса за реми, но Александар Шпенде со звукот на сирената не успеа да реализира.

Фото: Игор Бансколиев

Кристопанс, Дисингер и Чупиќ со по пет погодоци беа најпрецизни во екипата на Вардар, кај Металург пак со шест гола се истакна Шпенде.

Вардар е лидер во СЕХА-лигата по десет кола, откако има осум победи и два пораза. Металург е на деветтото место.