Данил Шишкарев беше стрелец на пет гола против Кристијанстад

Ракометарите на Вардар славеа над шведски Кристијанстад со 32-30 на вечерашното гостување во 13-то коло од Лигата на шампионите.

Вардарци на тој начин се вратија на втората позиција во групата А, во пресрет на утрешниот меч на Веспрем против Мешков Брест. Македонскиот првак сега има еден бод повеќе од третопласираниот Веспрем.

Даинис Криштопанс беше прв стрелец на Вардар со осум гола, следен од Данил Шишкарев кој реализираше петпати, додека Андрес Гудмундсон се истакна кај Кристијанстад со девет погодоци.

Вардар во следното коло ќе го пречека француски Монпелје на 2 март.