Македонските претставници во новата сезона во Лигата на шампионите (ЛШ), Вардар и Металург, се носители пред ждрепката на 29 јуни за групите А и Б, односно Ц и Д. Според рангирањето на ЕХФ, Вардар е во ист, прв барабан со француски ПСЖ, што значи дека нема да можат да бидат во иста група, а тоа значи дека досегашниот тренер на вардарци, Раул Гонзалес нема да му се спротивстави на неговиот досегашен клуб во првата фаза. Европскиот вицешампион, француски Нант со Кирил Лазаров, е еден од потенцијалните ривали на црвено-црните во групната фаза.
За групите Ц и Д Металург е рангиран како прв носител, заедно со Висла, со што македонскиот го избегна полскиот вицепрвак во оваа фаза.