Ракометарките на Вардар беа совладани од Крим сo 29:34 во последниот натпревар од регионалната женска ракометна ВРХЛ лига.

Екипата на Вардар веќе ја одбрани титулата, а денешниот натпревар и вчерашната победа против Будуќност на последниот турнир од регионалното натпреварување во Подгорица беа само формалност.

По осумте победи и само едно реми, ова е прв пораз за „црвено-црните“ сезонава во која убедливо ја одбранија титулата во регионалната лига и ги добија заслужените медали.

Вардарки сега првенствено ги очекува настапот на завршниот турнир во Лигата на шампионите во Будимпешта.