Тренерот на Металург Данило Брестовац очекува позитивен резултат на претстојниот меч против Мешков Брест во ракометната Регионална лига, в недела во СЦ „Јане Сандански“ . За металурзите, тоа ќе биде последниот дуел на домашен терен годинава.

– Очекувам добра игра и дека се што работиме ќе продолжи во една нагорна линија, и во нападот и во одбраната. Имаме згуснат распоред, кај играчите се чувствува замор, но јас очекувам со добра игра да стигнеме до победа, макар и со еден разлика. Ќе видиме со каков тим ќе пристигне Мешков, но сметам дека можеме до позитивен резултат – изјави Брестовац на денешната прес-конференција.

Дуелот од 11. коло на Регионалната лига е закажан за недела од 17.30 часот.