Наши известувачки од Келн:
Јасминка Павловска
Сузана Митревска

Крајниот резултат 40-35 на мечот меѓу шпанската Барселона и полскиот Кјелце беше доволен за Шпанците да ја освојат бронзата на Ф4 од Лигата на шампионите во ракомет, што се игра во Келн.

Инаку Барселона загуби вчера од македонскиот Вардар на полуфиналниот меч, но сепак се избори за освојување на третото место. Во Ланксес арената во Келн, атмосферата се загрева за финалето меѓу Вардар и унгарскиот Веспрем, што започнува во 18 часот.