Ракометарите на Барселона беа убедливи против Алборг славејќи со 36-23 во финалето на фајналфор-турнирот во Келн, за да станат европски прваци по десетти пат во клупската историја.

Данската екипа имаше предност само во воведните минути од средбата (5-2) по што Барселона презема контрола за на полувреме отиде со водство од 16-11. Каталонците ја зголемуваа предноста во вториот дел со што победникот не доаѓаше во прашање.

Алеикс Гомез Абелјо беше најефикасен кај Барселона со девет гола, додека на спротивната страна се истакна Лукас Сандел со осум погодоци.

Нант за кој настапува капитенот и селектор на репрезентацијата Кирил Лазаров беше поразен од Пари Сен Жермен со 28-31 во мечот за третото место помеѓу екипите од Франција. Лазаров беше стрелец на еден гол.