Ракометарите на Барселона повторно ја освоија престижната титула на турнирот „Супер глоуб“ во Доха.

Во финалето на неофицијално светско клупско првенство, шпанскиот клуб го совлада Фуксе Берлин со 29-24.

Барселона со вкупно четири титули (2013, 2014, 2017 и на последното издание годинава) е убедливо најуспешниот учесник на „Супер глоуб“.

Актуелниот европски шампион Монпелје го освои третото место на турнирот, откако го победи катарскиот првак Ал Саад со 33-32.