Светската ракометна федерација (ИХФ) продолжи со популаризација на ракометот во земјите каде што е помалку развиен, а особено на американскиот континент. На конгресот одржан неодамна во Гетеборг, ИХФ потврди дека доколку репрезентацијата на САД не обезбеди пласман на мундијалите 2025 и 2027 преку квалификации, ќе добие вајлд-карти за настап на двата најголеми светски собири.

Во 2028 година во Лос Анџелес ќе се одржат Летните олимписки игри, а САД како домаќин ќе можат да учествуваат и на турнирот во ракомет.

Како дел од заложбите на ИХФ за зголемување на популарноста иквалитетот на спортот е и приклучувањето на годинашниот победник на клупскиот шампионат на Северна Америка, американскиот тим Њујорк сити, на неофицијалното светско клупско првенство Суперглоуб, кое ќе се игра во проширен формат, со 10 екипи (досега играа по осум), од 26 август до 1 септември.