Штербик на голот на олстар-тимот

477

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави олстар-тимот за сезоната 2017/2018.
За најдобар голман избран е Арпад Штербик од Вардар. Францускиот ѕвезден тим ПСЖ во идеалниот тим партиципира со дури четворица ракометари. Тоа се левото крило Уве Генсхајмер, левиот бек Сандер Сагосен, централниот бек Никола Карабатиќ и најдобриот дефанзивец, Лука Карабатиќ. Најдобар десен бек е Мем Дика од Барселона, а десно крило Давид Балагер од Нант. Пивот на сезоната е Бјарте Мирхол од Скјерн, а Роман Лагард, централниот бек на Нант е најдобриот млад играч.
Најдобар тренер на сезоната во ЛШ е Патрис Канаје, стратегот на Монпелје.