Шпенде преку Металург стигна до репрезентацијата

136

За тоа дека Металург со право се именува како најдобрата средина за напредок и репрезентативен скок, стигна потврда од селекторот на словенечката репрезентација Веселин Вујовиќ. Тој на репрезентативниот список го додаде левиот бек на Металург Александер Шпенде, кој со одличната игра во сино-белиот дрес есенва ѝ го привлече вниманието на ракометната јавност во Европа, а со тоа и на селекторот Вујовиќ.

Во отсуство на бундеслигашите Марко Безјак и Миха Зарабец, Шпенде и Јануш Лапајне ќе бидат решенија за бековската линија во репрезентацијата. Словенија нема да игра на претстојното Светско првенство во Германија и во Данска, но затоа избраниците на Вујовиќ во подготвителните дуели за учество на СП ќе му спарингуваат на светскиот првак Франција.