Французите елиминирани, Австрија во завршницата го скрши отпорот на Украина

222

Со серија од три гола во последните минути од мечот, домаќинот на Европското првенство во ракомет, Австрија стигна до победа над Украина од 34-30 за да се искачи на првото место во нашата група Б со четири поени, пред пресметката со Македонија која ќе биде клучна за одредување на учесниците во втората фаза.

Од друга страна, најголемото изненадување на шампионатот, секако е елиминацијата на поранешните светски шампиони Франција, кои по шокантниот пораз од Португалија, загубија и од Норвешка со 26-28, додека импресивната Словенија успеа да слави против Шведска со 21-19, со што забележа две победи во исто толку дуели во групата Ф.

Украинците ги намачија Австријците, играјќи гол-за-гол во текот на целиот меч, пред да паднат во финишот на натпреварот, со што се елиминирани од шампионатот пред мечот со Чешка.

Норвежаните имаа подобар старт против Франција, но „триколорите“ успеаја да се соземат и да дојдат до 15-14 предност на полувреме, но во финишот на мечот Норвешка ја направи клучната предност за импресивна победа. За Франција, освојувачот на шест светски и три европски титули останува само уште мечот со Босна и Херцеговина. Сагосен беше најдобар за Норвежаните со 10 гола, Јендал додаде пет, додека за Французинот Фабрегас беше најефикасен со осум гола.