Успешно е реализирана 12-та сезона во мини-лигата на Металург

27
Шампионска екипа Торо спорт Виница (машки 2004/05)


Екипите Сани 14 од Охрид, Торо спорт од Виница, Макалоски од Прилеп, Дуферко од Скопје и Хендбал старс од Кичево се годинешните шампиони во најстарото и најмасовното клупско натпреварување, мини-лигата на Академијата Металург. Најуспешна школа сезонава на мини-лигата на Металург е школата од Охрид, Сани 14, со освоени две први, две втори и едно трето место.

Повеќе од 40 екипи од десетина града во Македонија настапија во 12-та сезона на мини-лигата на Академијата Металург, во која продефилираа повеќе од 500 млади ракометари и ракометарки. Сезонава натпреварувањата се одвиваа во три старосни категории, и тоа родени 2008 година и помали, 2006/2007 година и 2004/2005 година, во машка и во женска конкуренција.

Финалниот турнир помина борбено, драматично и изедначено како никогаш досега, а како потврда на тоа е што дури во четири натпревари победникот мораше да се решава по изведување пенали.


Резултати и пласмани за сезоната 2017/2018

Шампионска екипа Макалоски-Прилеп (женски 2004/05)

Во генерацијата 2008 и помали во женска конкуренција првото место го освои екипата Хандбал старс од Кичево на тренерките Вања Бошковиќ и Дијана Илиоска. На втората позиција заврши екипата Ревита на тренерката Тања Димитриоска, а трети беа девојчињата од екипата Маја на Даниела Тасевска. Кај момчињата, шампионската титула замина во рацете на Дуферко на тренерката Димитриоска, втори беа момчињата од Сани 14 од Охрид на тренерката Александра Џамтовска, а на третата позиција заврши екипата Репро 1 на тренерката Даниела Тасевска.
За најдобри играчи во генерацијата 2008 и помали беа избрани Ана Марија Марковска (Ревита) и Антонио Трајановски (Репро 1), а за најдобри голмани Габи Божиновска (Хандбал старс) и Марко Антовски (Дуферко).

Во генерацијата 2006/2007, девојчиња, првото место го освои екипата Сани 14 од Охрид на Џамтовска, на втората позиција завршија девојчињата на ЖРК Металург на Тасевска, а третата позиција ѝ припадна на екипата на Астра спорт од Македонска Каменица на тренерката Мирјана Гошевска.

И кај момчињата првата позиција им припадна охриѓаните Сани 14 на Џамтовска. На второ место заврши екипата на Макстил на Габриела Миленковска, а третата позиција им припадна на момчињата на Астра спорт на тренерката Гошевска. За најдобри играчи во генерацијата 2006/2007 беа прогласени Маријана Буразер (ЖРК Металург) и Михаил Стаменковски (Астра спорт), а признанието за најдобри голмани го понесоа Дина Маркоска (Сани 14) и Дарко Малуковски (Сани 14).

Во генерацијата 2004/2005, девојчиња, шампионската титула замина во рацете на екипата Макалоски од Прилеп на тренерот Гоце Макалоски. Второто место ѝ припадна на екипата Сани 14 на тренерката Џамтовска, а на трето место заврши Брегалница од Делчево на тренерот Драган Пежовски.

Кај момчињата шампион е Торо спорт од Виница на тренерот Тодорчо Николов, втората позиција им припадна на момците од Тиквеш Кавадарци на тренерот Кире Василев, а на третата позиција завршија момчињата од Сани 14 на Џамтовска.
Поединечните награди за најдобар играч ги добија Елени Адела (Прилеп) и Фидан Харалампиев (Торо спорт), а за најдобри меѓу стативите беа прогласени Глорија Димитровска (Брегалница) и Благој Панов (Тиквеш).


„Фриком“, „Европа“ и „Битолска млекарница“ другаруваа со дечињата

Годинашни партнери на мини-лигата на Металург, кои беа задолжени за разладување, заблажување и за дополнителна енергија на ракометните фиданки на Металург, беа најдобрите сладоледи во Македонија на „Фриком“, најубавите чоколади на „Европа“ и највкусното чоколадно млеко на „Битолска млекарница“ – „моја кравица“.
Сладоледите на „Фриком“ – „капри“, „лени“ и „калипсо“ – другаруваа со младите ракометарчиња на паузите меѓу натпреварите, а по завршувањето на турнирот највкусните крем-банани, мини-чоковафлите и млечните мини-чоколади на „Европа“ беа слатка награда за одличните игри во текот на завршниот турнир на мини-лигата на Металург. Чоколадните млекца „моја кравица“, пак, ја наполнија потрошената енергија и ја вратија свежината на детските лица.


Макалоски: Задоволство е да се биде дел од проектот на Металург

Ракометната академија Металург и мини-лигата Металург се најдоброто нешто што изминативе 15 години му се случува на македонскиот ракомет. Секоја чест за организацијата, стратегијата и создавачката политика што ја води Металург во создавањето, креирањето и лансирањето ракометни таленти од своите школи. Задоволство е да се биде дел од еден ваков проект, кој секоја година од своите редови лансира репрезентативци и првотимци што се ценети и барани на ракометниот пазар во Европа, изјави Гоце Макалоски, тренерот на екипата Макалоски – Прилеп.

Најдобар голман 2008-Марко Антовски (Дуферко)

 


Бошковиќ: Децата со нетрпение ги очекуваа натпреварите

Посебно е чувството да се биде дел од лигата на Металург. Веќе втора година сме дел од овој величествен настан, на кој децата со нетрпение го очекуваа секој натпревар. Благодарност до академијата што ни овозможи ваква организација и натпреварување, во кое децата многу другаруваа, се натпреваруваа и ги покажуваа своите знаења стекнати на тренинзите, изјави Вања Бошковиќ, тренерка на екипата Хандбал старс од Кичево.

Најдобар играч 2008/09 Ана Марија Марковска (Ревита-Скопје)

 


Џамтоска: Мини-лигата е одлична можност за напредок на децата

Oгрoмнa чест и зaдoвoлствo ми е штo сме дел oд Рaкoметнaтa aкaдемијa и мини-лигaтa нa Метaлург, кoјa е пиoнер вo oргaнизирaње вaкoв тип нaтпревaри вo мaкедoнскиoт рaкoмет. Oвa е oдличнa мoжнoст зa децaтa дa стекнaт нoви искуства, нови пријaтелствa, дa се дружaт и дa се нaтпревaрувaaт меѓу себе. Се нaдевaм декa трaдицијaтa ќе прoдoлжи и дека oд Рaкoметнaтa aкaдемијa Метaлург ќе продолжат да излегуваат гoлем брoј идни репрезентaтивци нa Мaкедoнијa, изјави тренерката на екипата Сани 14 од Охрид, Александра Џамтовска.

Најдобар голман 2004/05 Благој Панов (Тиквеш-Кавадарци)
Шампионска екипа Дуферко-Скопје (машки 2008/09)
Шампионска екипа Сани 14-Охрид (женски 2006/07)