Уругвај, Конго и Зелено’ртските Острови ќе дебитираат на СП 2021

39

Ракометните селекциите на Конго и на Зелено’ртските Острови од африканскиот шампионат и репрезентацијата на Уругвај од првенството на Јужна и Централна Америка се селекциите што ќе дебитираат на Светското првенство, в година, во Египет. Покрај домаќинот Египет и бранителот на титулата светски првак, Данска, место на 27-от ракометен Мундијал обезбедија и трите најдобропласирани селекции од ЕП 2021 (Шпанија, Хрватска и Норвешка), шесте најдобри од Африка (Тунис, Алжир, Ангола, Зелено’ртски Острови, Мароко, Конго), четирите најдобри репрезентации од азискиот шампионат (Катар, Јужна Кореја, Јапонија, Бахреин) и трите најдобропласирани во шампионатот на Јужна и Централна Америка (Аргентина, Бразил и Уругвај).