Кристопанс во дресот на Летонија ќе биде највисок играч на ЕП

Противникот на Македонија во групата Б има 10 двометраши на списокот со 28 ракометари. Летонија ги има и највисокиот и најнискиот ракометар на пошироките списоци со играчи пред ЕП 2020

Противникот на македонската машка ракометна репрезентација од групата Б, Украина на претстојното Европското првенство (ЕП), во јануари в година во Австрија Норвешка и во Шведска, ќе ја има највисоката репрезентација на шампионатот. Од 28 репрезентативци од поширокиот список, 10 се високи два метри или повеќе.

Десниот бек на Вардар, Летонецот Даинис Кристопанс со своите 215 сантиметри ќе биде највисокиот ракометар на ЕП 2020, а неговиот сонародник десното крило Андис Ерманис со 168 см ќе биде најнискиот ракометар.

Македонија и Црна Гора се единствените две селекции, кои на своите листи со играчи имаат по еден ракометар од два метра. Кај Македонија тоа е левиот бек Филип Талески, а кај Црна Гора, голманот Радивоје Ристановиќ (двајцата се високи по 200 см).

Унгарскиот пикер од редовите на Веспрем, Бенче Суч со своите 206 см и 139 кг ќе биде најтешкиот ракометар на ЕП, а најлесни се Летонецот, Никита Панченко и хрватското десно крило Фран Милета со по 67 кг.

Селекторот на Шпанија Жорди Рибера го има пријавено најискусниот и најефикасен состав. Неговиот 28-член тим е со просечна возраст од 29,5 години, а дури 13 ракометари се со возраст од над 30 години. Шпанските репрезентативци од списокот на Рибера имаат ефект од 4.156 гола или просек од 148 гола по играч. 


НАЈВИСОКИ
Даинис Кристопанс (Летонија) 215 см
Николај Маркусен (Данска) 212 см
Јосип Векиќ (Хрватска) 210 см
Фин Лемке (Германија) 210 см
Алексеј Шинкел (Белорусија) 207 см

НАЈНИСКИ
Андис Ерманис (Летонија) 168 см
Никита Панченко (Летонија) 171 см
Лук Стајнс (Холандија) 172 см
Андреј Батлер (Швајцарија) 172 см
Јаиме Фернандез (Шпанија) 175 см

НАЈТЕШКИ
Бенче Суч (Унгарија) 139 кг
Даинис Кристопанс (Летонија) 136 кг
Леош Петровски (Чешка) 125 кг
Тобијас Вагнер (Австрија) 125 кг
Александар Шевелев (Украина) 124 кг

НАЈЛЕСНИ
Никита Панченко (Летонија) 67 кг
Фран Милета (Хрватска) 67 кг
Андис Ерманис (Летонија) 70 кг
Жаиме Фернандез (Шпанија) 70 кг
Боби Шаген (Холандија) 72 кг