Тестовите се негативни, македонските ракометари чекаат повик за настап на Мундијалот

129
Фото: РФМ/Момент од последниот контролен меч со Чиле

Комплетниот состав на ракометната репрезентација на Македонија добил негативни резултати на последното тестирање за ковид-19, со што избраниците на Данило Брестовац се подготвени да патуваат за Египет, доколку добијат повик од ИХФ за настап на Светското првенство, во случај на откажување на некој од учесниците.

Македонските ракометари ќе бидат во карантин до евентуалниот повик за настап на кој ќе чекаат до утре.

Шведска, Чешка, Бразил, САД и Зеленортските Острови пријавија позитивни случаи на коронавирус на последните тестирања. Покрај Македонија, статус на резерва има и Швајцарија, која исто така чека повик од ИХФ.