СП ракомет: Македонија загуби од Русија, ќе игра за 15.место

264

Македонската ракометна репрезентација го доживеа четвртиот пораз на Светското првенство и во последниот настап утре ќе игра за 15. место.

Избраниците на Раул Гонзалес попладнево загубија од Русија со 30:28 во разигрувањето за пласман од 13-16 место.

Најефикасен во македонскиот тим беше Кирил Лазаров со осум погодоци, Жарко Пешевски постигна пет.

Во победничкиот состав се истакнаа Житников со осум и Косортов со пет погодоци.

Противник на Македонија во последниот меч на Мундијалот, утре од 13 часот ќе биде подобриот од дуелот Чиле – Катар.