Словенечка доминација во Струга

103
Целје со победничкиот пахар во Струга

Словенечкиот шампион Целје е освојувач на 46-от меѓународен ракометен турнир „Струга 2018“, откако во финалето беше подобар од романска Констанца, со 25-24.

Покрај тоа што го освоија победничкиот пехар, Словенците доминираа и во распределбата на индивидуалните признанија на турнирот. Младиот централен бек на Целје, Домен Макуц (18 год.), беше прогласен за најдобар играч (МВП) на турнирот, а Клемен Ферлин го доби признанието за најдобар голман. Тој во финалниот меч со Констанца имаше 18 интервенции. Најдобар стрелец беше Горан Кузманоски од Еурофарм Работник, со 27 погодоци.

Бронзата ја освои екипата на Тулуз, совладувајќи го српскиот вицешампион Железничар со 32-24, додека, пак, шведски Алингсас заврши на петтата позиција, победувајќи го турскиот шампион Бешикташ со 29-22 (12-13).
Во борбата за избегнување на последното место на турнирот, екипата на Еурофарм Работник славеше над домаќинот Струга, со 33-26.