Слабото второ полувреме во Барселона скапо го чинеше Вардар

120

Македонскиот ракометен првак Вардар втор пат за само шест дена загуби од Барселона, во тековното издание од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ вечерва загубија на гостински терен со убедливи 26-34.

Високиот пораз е претрпен поради лошото второ полувреме кое вардарци го загубија со 11-18, откако на пауза отидоа само со еден гол негатива.

За Вардар ова е трет пораз по осум рунди во ЛШ, по што падна на четвртата позиција.

Барселона е прва со седум победи и еден пораз.