Светскиот првак Франција го освои утешниот трофеј

123

Актуелниот европски и светски првак, селекцијата на Франција, е најнепријатното изненадување на 24-то ракометно Светско првенство за жени што се игра во Јапонија. По двегодишната доминација на големите натпреварувања, избраничките на селекторот Оливер Кромвел разочараа, па на Мундијалот во Јапонија играа за освојување на 13-то место и утешниот трофеј од т.н. Президент-куп, по победата над Унгарија со 26-21.

За тоа дека Французинките не се на висината на задачата на овој шампионат зборува и фактот што на листата со 50 стрелци нема ниту една од таа репрезентација. Со победата над Црна Гора со 35-28, селекцијата на Русија го задржа перфектниот скор во досегашниот тек од натпреварувањето и е првата селекција што обезбеди пласман во полуфиналето на Мундијалот. Теоретска шанса за освојување на втората позиција на табелата во групата 2, која носи место во полуфиналето, имаат Шпанија, Шведска и Црна Гора. Во пресрет на денешните последни дуели во групата 1 на СП 2019, шанса за пласман во полуфиналето имаат Норвешка (шест бода), Германија (пет бода), Холандија и Србија (по четири бода).