Светскиот и европскиот првак останаа во трка за нов трофеј

171

По синоќешните дуели требаше да бидат познати седум од осумте четвртфиналисти, а денеска за уште едно место се тркаат Аргентина, Хрватска и Катар. Пред последното коло, први меѓу осумте најдобри на СП 2021 се пласираа светскиот првак Данска, европскиот шампион Шпанија и Унгарија

РАКОМЕТ – СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО ЕГИПЕТ

На едно коло до завршувањето на главната групна фаза на Светското првенство (СП) во Египет селекциите на Унгарија и на европскиот шампион Шпанија од групата 1 и светскиот првак Данска од групата 2, обезбедија место во четврт-финалето на натпреварувањето.
Останува неизвeсноста за второто место во групата 2, каде што теоретски шанси за пласман во следна фаза имаат репрезентациите на Аргентина, Хрватска и на Катар.
Неизвесно е и во групите 3 и 4 каде што седум селекции конкурираа за четирите места, кои беа одредени со синоќешните дуели во тие групи. Во игра од групата 3 беа селекциите на Франција (осум бода), Норвешка (шест) и Португалија (шест), а во групата 4 репрезентациите на Египет, Шведска, Русија и на Словенија.
Во четвртфиналната фаза на Светското првенство (СП) во Египет в среда следуваат вкрстени натпреварите меѓу првопласираните од едната и второпласираните од другата група, а ќе вкрстат групите 1 со 3 и 2 со 4. Македонија вчера требаше да игра со Белорусија, во последното коло од втората групна фаза, на групата 4. 


ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА

Бразил – Уругвај 15.30 ч.
Бахреин – Јапонија 15.30 ч.
Шпанија – Унгарија 18 ч.
Аргентина – Катар 18 ч.
Полска – Германија 20.30 ч.
Данска – Хрватска 20.30 ч.