Светот ќе добие нови ракометни шампионки

211

Холандија се пласира во своето второ финале, а Шпанија првпат ќе настапи во мечот за златен медал на мундијалите

По сензационалните победи во полуфиналните дуели над селекциите на Русија (33-32) и Норвешка (28-22), женските ракометни репрезентации на Холандија, односно на Шпанија ќе играат во утрешното големо финале (12.30 ч.) на Светското првенство (СП) во Јапонија. За Шпанија ова ќе биде прво финале на СП, а нивни најдобар пласман досега е третото место во 2011-та. Холанѓанките вторпат ќе бидат во трка за златниот медал. На СП 2015, Холандија стигна до својот прв медал на мундијалите, сребрен, а на СП во Германија пред две години беше трета. Во мечот за третото место (9.30 ч.) ќе се сретнат Русија и Норвешка. Селекцијата на Црна Гора беше поуспешна во дуелот со Србија (28-26) и го освои петтото место на СП 2019, а во мечот за седмото место и пласман во квалификации за Летните олимписки игри в година во Токио, Шведска славеше на дуелот со Германија (35-24).