РФМ ја запре на 15 дена и групата Б на Суперлигата

37

Ра­ко­мет­на­та фе­де­ра­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја (РФМ) офи­ци­јал­но ги за­пре си­те натпреварувања во ма­шка­та Су­пер­ли­га. По ми­на­то­не­дел­но­то за­пи­ра­ње на ме­че­ви­те на гру­па­та А, по­ра­ди по­зи­тив­ни слу­чаи на ко­вид-19 во таа гру­па, од вче­ра дво­не­дел­на пау­за до­би­ја и еки­пи­те во гру­па­та Б.

– Во сог­лас­ност со до­би­е­ни­те ин­фор­ма­ции од здрав­стве­ни­те те­сто­ви на игра­чи­те и струч­ни­те ти­мо­ви учес­ни­ци во ма­шка­та Су­пер­ли­га во гру­па­та Б, по пре­по­ра­ка на надлеж­ни­те др­жав­ни ор­га­ни и во сог­лас­ност со оп­шти­те пре­вен­тив­ни мер­ки за спречува­ње на ши­ре­ње­то на ко­вид-19 и здрав­стве­ни­от про­то­кол на Ра­ко­мет­на­та федера­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја, нат­пре­ва­ри­те во гру­па­та Б од Су­пер­ли­га­та, во ко­ја учествува­ат Ме­та­лург, Бу­тел, При­леп, Ти­квеш, Мла­дост, Еу­ро­фарм Пе­ли­стер 2 и Работнич­ки се ста­ва­ат во ми­ру­ва­ње во след­ни­те 15 де­на – пи­шу­ва во со­оп­ште­ни­е­то од РФМ до клу­бо­ви­те.

Спо­ред ин­фор­ма­ци­и­те од РФМ, по 15 де­на ќе би­де на­пра­вен нов скри­нинг и до­кол­ку резул­та­ти­те би­дат не­га­тив­ни, то­гаш се­зо­на­та ќе мо­же да про­дол­жи. Ка­ко дел од превен­тив­ни­те мер­ки за спре­чу­ва­ње и за­шти­та од ко­вид-19, РФМ ги из­ве­сти прволигашки­те клу­бо­ви де­ка на не­о­дре­де­но вре­ме се од­ло­жу­ва по­че­то­кот на се­зо­на­та и во Пр­ва­та ли­га. За­се­га оста­ну­ва да се игра­ат са­мо нат­пре­ва­ри­те во Су­пер­ли­га­та за же­ни. Та.Д.