РФМ и Брестовац спогодбено ја прекинаа соработката

161

Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) ја извести јавноста дека е постигната взаемна спогодба со досегашниот селектор на ракометната репрезентација Данило Брестовац за прекинување на соработката.

Брестовац ја извршуваше селекторската функција од јуни 2019. Тој ја предводеше Македонија на Мундијалот во Египет на кој репрезентацијата забележа една победа и пет порази, завршувајќи го учеството во втората фаза.