РФМ ги одреди претставниците во европските купови

50

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) на денешниот состанок одреди кои екипи ќе играат во Лигата на шампионите и во Лига Европа во сезоната 2020/2021.

Бидејќи РФМ реши да не се доигра тековната сезона, поради пандемијата, во одредувањето на европските визи репер на Управниот одбор му била завршната табела од претходната сезона, 2018/2019.

Според ова во Лигата на шампионите Македонија ќе ја претставува двојниот освојувач на ова натпреварување Вардар.

Еурофарм Пелистер директно ќе оди во фазата по групи во Лига Европа, додека по една квалификациска рунда во ова натпреварување ќе треба да одиграат Металург и Бутел.

Резултатите од минатата сезона ќе важат и за Женската лига.