Романија прв тест за пионерите

58

Двомечот со врсниците од Романија ќе биде првиот тест за пионерската ракометна селекција на Македонија (играчи родени 2004/2005 година) на турнирот во Букурешт. Тренерите Кирил Атанасовски и Раде Стојановиќ, и двајцата поранешни репрезентативци, за својот деби-настап на чело на оваа селекција на располагање имаат 17 ракометари, од кои петмина од Вардар, четворица од Металург, двајца од КЛ-7 и по еден од Охрид, Аеродром, Алушевски, Младост од Богданци, Партизан од Гевгелија и Бутел, со кои ќе се обидат достојно да ја претстават Македонија.