Роберто Гарсија Парондо: Изненадување сме за оние што не не познаваат

1335

Наши известувачки од Келн:
Јасминка Павловска
Сузана Митревска

По вчерашниот полуфинален меч на Ф4 од Лигата на шампионите во ракомет, и трилер-пресвртот на Вардар против Барселона, македонските ракометари немаа многу време за славење низ Келн. Радоста беше прославена во соблекувалните во Ланксес арената. Вечерта, во хотелот Радисон Блу во Келн, каде што се сместени сите тимови што играат на Ф4, вардарците беа сконцентрирани на анализа на полуфиналниот меч и на првични подготовки на тактиката за денешниот меч.

– Навистина вчерашниот меч против Барселона беше меч со драматичен резултатски пресвет и на работ на нервите. Но Вардар е изненадување за оние што не ги познаваат силата, желбата и мотивацијата на овој состав на вардарци. Во вечерашниот меч ќе се потрудиме да влеземе релаксирани, без притисок.. Но не премногу опуштени. Сепак сме на чекор од втората европска шампионска титула – изјави Роберто Гарсија Парондо, тренерот на РК Вардар за „Нова Македонија“.