РК Вардар со победа над Борац стартуваше на турнирот во Требиње

113

Европскиот и македонски ракометен шампион, тимот на Вардар со победа над Борац од Бања Лука од 34-30 го започна меѓународен турнир во Требиње, БиХ.

Скопските „црвено-црни“ по првиот дел направија 6 гола предност, па новиот тренер Писонеро во второто полувреме им даде шанса на сите ракометари.

Најпрецизен кај Вардарци беше Тимур Дибиров со 9 гола, Пелко постигна 4, по трипати прецизно биеја Скубе и Атман.
Вечерва на програмата е вториот меч на Вардарци на турнирот против домаќинот Леотар.

На крајот на август Вардар ќе патува во Саудиска Арабија на Супер Глоуб.