Рибера посакува одбрана на трофејот

62

Бранителот на трофејот, Шпанија, со отворен гард ќе ѝ се спротивстави на ракометната репрезентација на Хрватска. Селекторот Жорди Рибера уште не размислува за полуфиналето в петок.- Задоволен сум што стигнавме до полуфиналето. Посакуваме победа и на мечот со Хрватска и да заминеме како победници од Виена во Стокхолм. Дали сакаме да ја избегнеме Норвешка? Сакаме да бидеме први, да го одбраниме трофејот, така што не се оптоваруваме премногу со комбинаторики – рече Рибера.Третпат на овој шампионат, шпанската „единица“ Перез де Варгас беше избран за играч на натпреварот, Шпанија со 34-те гола стигна до бројката 200 на шампионатот, а тој со 15-те одбрани придонесе бранителот на тронот со реми на мечот со Хрватска да го обезбеди првото место во групата 1.
– Двата тима се квалификувани, ние мора да ги закрепнеме нашите играчи, имаме повозрасни ракометари на кои им е потребно повеќе време за закрепнување. Ќе се обидеме да победиме во мечот со Хрватска и да го потврдиме првото место – истакна Рибера. М.П.

Претседателот стигна до салата со трамвај

Помеѓу 10-те илјади навивачи во Градската сала во Виена, на мечот на Австрија против Германија на ЕП во ракомет, беше присутен дел од австриската политичка елита, австрискиот претседател Александар ван дер Белен, потоа австрискиот вицепремиер Вегнер Коглер, како и германскиот амбасадор во Австрија, Ралф Бесте. Претседателот ја „освои“ јавноста откако на мечот во Градската сала, како и најголемиот број гледачи, пристигна со јавен превоз. М.П.

Сувенирите одат како алва

„Нема повеќе од официјалните маички“, ни изјави Лиса, која за време на ракометното ЕП работи на официјалниот штанд каде што се продаваат реквизити. Маичките со логото на ЕП во боите на земјите-домаќини, бела Австрија, црвена Норвешка и жолта Шведска се продаваат по 20 евра. Репликата на топката „селект“, со која се играат мечевите на ЕП, чини 35 евра.
– Благодарение на добрите игри во првата фаза, австриските дресови добро се продаваат. Во трите дена беа продадени малку повеќе од 1.000 дреса, по цена од 54 евра – вели Лиса. М.П.