Расте интересот за преноси на мечеви од ЛШ

111

Натпреварите од ракометната Лига на шампионите (ЛШ) стануваат сѐ поинтересни за ТВ-куќите што вршат директен пренос од натпреварите од елитното натпреварување. Според Европската ракометна федерација (ЕХФ), нивната бројка пораснала за 50 отсто последниве две години.

Во просек, 15 од вкупно 42-та ТВ-партнери ги пренесуваат во живо натпреварите од ЛШ. Најголем интерес сезонава привлекол мечот од 5-то коло од групната фаза на 19 октомври, помеѓу Барселона и ПСЖ, кој бил пренесуван од вкупно 29 ТВ-станици.

Зголемен бил и бројот на ТВ-куќи што ги пренесуваат натпреварите од ЛШ за жени. Тука просекот е 10 ТВ-канли што во живо ги пренесуваат мечевите. Најголем интерес сезонава предизвикал мечот од 6-то коло помеѓу Ростов и Букурешт, кој го пренесувале 17 од вкупно 24 ТВ-партнери на ЕХФ.

Посебен интерес привлекувале дуелите што се прогласени за „меч на колото“. Во првите 10 кола, од ТВ-екипите на ЕХФ биле посетени 10 клуба од девет различни земји.