Ракометните надежи подготвени за Грузија

85

Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија (до 18 години) ги заврши подготовките за настап на ЕХФ-шампионатот, дивизија Б, кој од утре до 19 август ќе се игра во Тбилиси, Грузија.

Селекторот Данило Брестовац го одбра 16-члениот тим што ќе настапи во Грузија и во него има по пет ракометари на Металург и на Вардар, двајца од КЛ-7, и по еден од Струга, Прилеп, Борец и од Еурофарм.

– Задоволен сум од тоа што го одработивме во подготвителниот период. Од првиот список на кој беа над 30 играчи, ќе ни недостигаат повредените Глигор Гајиќ и Илија Меловски. Пред оваа генерација допрва се големи предизвици, па затоа будно ќе ги следиме како ќе се развиваат во текот на сезоната и за следниот избор, за СП. Во секој случај, видлив е напредокот како тим – изјави Брестовац.

Македонија во Грузија е во групата А, со Литванија, Луксембург, Швајцарија, Фарски Острови и со Естонија. Во групата Б се Белорусија, Италија, Финска, Грузија и Грција.
– Генерално, имаме слика и анализа за сите противници, а играта и тактиката ќе ги подготвуваме од натпревар за натпревар – додаде селекторот.

Најдобрите две селекции од двете групи ќе вкрстат во полуфиналето, а победникот во финалето ќе обезбеди пласман на следното кадетско ЕП во 2020 година.


Состав на Македонија

Голмани: Марко Кизиќ (Вардар Ј), Виктор Василевски (Металург 2)
Леви крила: Дарко Кондев (Металург 2), Марко Божиновски (Металург 2)
Десни крила: Ален Ќосевски (Вардар), Ненад Костески (Струга)
Леви бекови: Теодор Тодески (Прилеп), Игор Ѓоргиев (Вардар)
Средни бекови: Мартин Карапалески (Вардар Ј), Бобан Каковски (Еурофарм), Дејан Џигероски (КЛ7)
Десни бекови: Мартин Серафимов (Металург), Васил Витанов (Борец)
Пикери: Кристијан Симоноски (КЛ7), Кристијан Анѓелковски (Вардар Ј.), Андреј Митиќ (Металург 2)