Ракометарките обезбедија полуфинале на Медитеранските игри

84

Женската ракометна репрезентација на Македонија обезбеди полуфинале на Медитеранските игри иако загуби од Црна Гора со 28:23.

Египет беше поразен од Турција со 41:30 и тоа беше доволно за „жолто-црвените“ да обезбедат пласман меѓу најдобрите четири.

Утре Македонија против Египет го игра последниот дуел од групната фаза, кој нема да има резултатско значење. Победите над Турција и Србија се покажаа доволни за второто место во групата.

Најефикасна за Македонија беше Сара Ристовска со седум голови.