Ракометарките на Металург славеа во Куманово во дербито на колото

91

Во рамките на 17-то коло од женската ракометна Суперлига ракометарките на
Куманово синоќа на домашен терен загубија од ЖРК Металург со 22-30
(11-14), со што пропуштија прилика за првпат сезонава да се искачат на
лидерската позиција на табелата.

Натпреварот воглавно помина во доминација на гостинските ракометарки, кои со оваа победа се зацврстија на првата позиција на табелата, реванширајќи им се на противничките за поразот во првиот дел од првенството. ЖРК Куманово, пак, и покрај поразот, го задржа второто место на табелата, од кое веројатно и ќе стартува во претстојниот плејоф.

Во домашната екипа на Куманово најефикасни ракометарки беа Александра
Боризовска со седум и Мила Трајковиќ со шест гола, додека во победничката екипа на
Металург се истакнаа Леонида Гичевска со седум и Јана Калајџиевска со шест погодоци.

Во наредното 18-то коло, ракометарките на Куманово играат на гости со екипата на ЖРК Деспина, а ЖРК Металург ќе се сретне со Овче Поле. Т.Д.