Прибак го одлучи дуелот во Истанбул

101
Момент од мечот во Истанбул

Ракометарите на Металург претрпеа минимален пораз од Бешикташ 22-23, во мечот од осмото коло во Лигата на шампионите (ЛШ), одигран попладнево во Истанбул.

Натурализираниот македонски репрезентативец Немања Прибак го постигна решавачкиот гол за триумф на турската екипа, во завршницата од средбата.

Марио Танкоски и Анте Токиќ беа најпрецизни кај Металург со по пет погодоци, додека  противничкиот ракометар Рамазан Дене беше прв стрелец на мечот со девет реализирани удари.

Македонскиот вицешампион има една победа во осумте одиграни средби во групата Ц од ЛШ. Металург во следната рунда го пречекува Силкеборг, идната сабота.