По Кил, Порто на гости подобар и од Монпелје

131
Ракометарите на Порто

Португалскиот ракометен првак Порто продолжи со одличните игри и во 9. коло од Лигата на шампионите (ЛШ), во кое славеше победа со 27-22 на гости кај францускиот првак Монпелје (претходно го победи и германски Кил на гости). Порто со 10 бода, колку што има и Киелце, се искачи на петтата позиција на табелата во групата Б. Во групата на врвот е шпанскиот гигант Барселона, со 16 бода, два повеќе од ПСЖ, кој вчера го играше мечот од 9. коло, на гости кај Алборг.

Дуелот помеѓу Барселона и Фленсбург, кој беше прогласен за меч на 9. коло во ЛШ, ја донесе осмата победа во низа за избраниците на Чави Пасквал (31-27), кои по изедначеното прво полувреме во продолжението од мечот заиграа многу поофанзивно и во двата правца, не дозволувајќи им на Германците да го расипат нивниот план за директен пласман во четврт-финалето. Десното крило Алекс Гомез, кој беше автор на 10 гола, беше прогласен за најкорисен играч (МВП) во мечот на колото.

Иако важеше за фаворит во дуелот со белорускиот првак, македонскиот шампион Вардар го доживеа четвртиот пораз во досегашниот тек од сезоната, (31-22). Во 50-та минута резултатот беше 22-21 за Мешков, а вардарци во второто полувреме постигнаа девет гола. Кај Мешков 12 гола постигна десното крило Микита Валупов. По овој пораз, Вардар падна на шестата позиција на табелата, со девет бода.

Домашниот терен во 9-то коло беше среќен за сите домаќини, освен за Монпелје. Веспрем славеше во дуелот со Киелце (28-24), Савехов над Татран (30-29), Висла над ГОГ (27-24), романскиот првак Динамо го победи руски Чеховски медведи (34-23), а Кокс беше подобар од македонскиот вицепрвак, Еурофарм Работник со 23-21. Без победник, со поделба на бодовите и со идентичен резултат (32-32), завршија дуелите Кил – Мотор и Бидасоа – Спортинг.


РЕЗУЛТАТИ, 9. КОЛО
Мешков – Вардар 31-22
Кил – Мотор 32-32
Кокс – Еурофарм 23-21
Динамо – Чеховски 34-23
Веспрем – Киелце 28-24
Монпелје – Порто 22-27
Барселона – Фленсбург 31-27
Савехов – Татран 30-29
Бидасоа – Спортинг 32-32
Висла – ГОГ 27-24
Кадетен – Кристијан. синоќа
Алборг – ПСЖ синоќа
Загреб – Елверум синоќа
Целје – Сегед синоќа

ГРУПА Б
Кил 9 6 2 1 14
Веспрем 9 6 0 3 12
Монпелје 9 5 1 3 11
Киелце 9 4 2 3 10
Порто 9 4 2 3 10
Вардар 9 4 1 4 9
Мешков 9 2 0 7 4
Мотор 9 0 2 7 2
Идно коло: Вардар – Веспрем, Мотор – Порто, Киелце – Мешков, Кил – Монпелје


ГРУПА Ц
Бидасоа 9 6 3 0 15
Спортинг 9 5 2 2 12
Савехов 9 6 0 3 12
Кокс 9 3 0 6 6
Татран 9 2 1 6 5
Еурофарм Р. 9 2 0 7 4
Идно коло: Еурофарм Работник – Бидасоа, Спортинг – Савехов, Татран – Кокс