Постигната согласност за продажба на РК Пелистер

182

Денеска на седница на Советот е постигната согласност околу продажбата на РК Пелистер.

– За „Еурофарм Работник“ прифатливи се заклучоците што беа донесени пред два дена на општинскиот Советот. За нив прифатливо е сопствеништвото во двата клуба да биде 75 проценти на „Еурофарм Работник“, а 25 проценти на општината.

Договорено е „Еурофарм“ понатаму, годишно да вложува 45 милиони денари, а општината Битола по 15 милиони денари, оваа сезона да се игра со сино-бели дресови, а в година екипите да имаат и сино-бели и зелено-бели дресови.

За понатамошно договарање останаа само одредени режиски трошоци околу користењето на спортската сала „Боро Чурлевски“.

На денешната седница на Советот беа изгласани точки на дневен ред поврзани со отпочнување на реконструкција на санитаријата која се наоѓа под јужната трибина и засилување на осветлувањето.

– Тоа се едни од условите во салата да може да се играат натпревари од СЕХА и Лигата на шампионите – изјави по седницата претседателот на Советот, Валентин Груевски.

М.М.