Поранешниот „крал“ е „мозокот“ на операцијата со местење мечеви во Шпанија?

355
Раул Браво

Шпанската полиција уапсила неколку функционери на фудбалски клубови од првата и од втората шпанска лига, под сомнение дека местеле натпревари во мај минатата година. Меѓу уапсените е и поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Раул Браво.

Шпанските истражни органи се сомневаат дека Браво бил „мозокот“ на целата операција, чија цел била вкучените да заработат пари преку обложувалничите. Раул Браво настапуваше за кралскиот клуб во периодот од 2001 до 2007 година.

Покрај Браво уапсени се Борха Фернандез од Валјадолид, поранешниот фудбалер Карлос Аранда, играчот на Хетафе Самуел Саинц Алонсо и играчот на Ла Коруња Инњиго Лопез Монтања.

Меѓу уапсените е и поранешниот претседател на Уеска, Аугустин Ласаоса. Сомнителен бил токму натпреварот во финишот на минатата сезона, односно поразот на Уеска од Химнастик (0-1).

– Овој случај го следиме една година. Не можеме да кажеме ништо повеќе поради работата на полицијата, па деталите мора да се држат во тајност. Болно е што ова влијае врз клубовите, но најважно е да ја искорениме корупцијата од фудбалот – рекол првиот човек на Ла Лига Хавиер Тебас.