Парондо нема многу време за да го подготви Египет за Македонија

163

Селекторот на Египет Роберто Парондо, кој со Вардар ја освои Лигата на шампионите, истакна дека нема многу време за подготвување на неговите ракометари за дуелот против Македонија, откако таа го зазема местото на Чешка на Мундијалот кој се игра во Египет. Тој додаде и дека го чува повредениот Ахмед ел Ахмар за претстојните мечеви против Македонија и Шведска.

 – Ел Ахмар има проблеми со грбот и мислев дека е добро да го сочувам за дуелите со Македонија и со Шведска. Им честитам на Македонците на доаѓањето во Египет, но истовремено ми е жал што отпадна Чешка. Таквата ситуација секако не е пријатна за еден тренер, бидејќи ние се подготвувавме за Чешка со месеци, а сега имаме 40 часа да се подготвиме за потполно поинаков противник. Среќен сум поради Македонија, имам прекрасни спомени од Скопје – кажа Парондо по синоќешната победа на домаќинот Египет над Чиле со 35-29, на отворањето на Светското првенство.

Македонија вечерва ќе се сретне со Шведска од 20.30 часот, додека потоа ќе игра со Египет в сабота и со Чиле в понеделник, во рамки на групата Г.