Осумте најдобри тргнуваат по медалите

97

РАКОМЕТ – СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО ЕГИПЕТ

Данска – Египет, Шведска – Катар, Шпанија – Норвешка и Франција – Унгарија се двојките во четврт-финалето на 27-то ракометно Светско првенство (СП) што се игра во Египет.
Според статистиките од досега одиграното (по шест меча), меѓу четвртфиналистите бранителот на титулата Данска ги има најдобриот напад со 34,6 гола по меч и најдобрата одбрана со 22,5 примени погодоци по натпревар. Исто така, брзината е една од главните одлики на Данците, кои имаат најмногу реализирани контранапади, 37. Заедно со Шведска, која во напад загуби 41 топка (6,8 по меч), Данска е втората најконцентрирана селекција што направи 43 технички грешки односно 7,1 по меч. Меѓу чевтрфиналистите најмногу грешеа Шпанците (10,1 по меч), а Норвежаните ја имаат најтимската игра со 102 асистенции (17 по меч). Египет доминира во играта еден на еден, со 37 реализирани пробиви и според бројот на украдени топки, 36, а Шпанците имаат најголема поддршка од голманите со просек од 15,1 одбрани по меч. 


СП 2021ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

1. Данска – Египет 17.30 ч.
2. Шпанија – Норвешка 20.30 ч.
3. Шведска – Катар 20.30 ч.
4. Франција – Унгарија 20.30 ч.

ПОЛУФИНАЛЕ
Победник 1 – Победник 2 петок
Победник 3 – Победник 4 петок
финалето на програмата е в недела