Од денеска и кадетите тргнуваат кон дивизијата А

132

Селекторот на младинската и на кадетска ракометна репрезентација на Македонија, Данило Брестовац и неговиот стручен штаб од денеска почнуваат со подготовки за нов предизвик. Македонските кадети денеска заминуваат за Маврово каде што во следните седум дена ќе се подготвуваат за настап на шампионатот на ЕХФ од дивизијата Б, од 10 до 19 август во Грузија.

Кадетите ќе играат во групата А заедно со Швајцарија, Фарски Острови, Естонија, Литванија и со Луксембург. Во групата Б ќе играат Белорусија, Италија, Финска, Грција и Грузија. Победникот во финалето на турнирот ќе обезбеди место на наредното Европско првенство за таа возрасна категорија.

Оваа генерација македонски кадети идната година ќе игра на Светското кадетско првенство во Македонија, а потоа во 2020 година ќе настапи и на Европското првенство за играчи до 20 години, за кое пласман обезбеди селекцијата што во неделата победи на турнирот во Скопје, дивизија Б.

На списокот на Брестовац се Ненад Костески, Марко Кизиќ, Мартин Серафимов, Виктор Василевски, Дарко Кондев, Марко Божиновски, Игор Ѓорѓиев, Дејан Џигероски, Бобан Каковски, Мартин Карапалески, Мартин Серафимов, Васил Витанов, Ненад Костески, Ален Ќосевски, Кристијан Симоноски, Андреј Митиќ, Симон Гучевски, Кристијан Анѓелкоски, Бојан Солев, Марко Кизиќ, Давид Даев, Теодор Тодески, Мартин Ивановски, Александар Стојков, Димитар Ристовски.