Неколку дерби-средби викендов во ЛШ

94

Со денешниот дуел Порто – Мотор (16.30 ч) ќе почне 5-то коло во машката ракометна Лига на шампионите (ЛШ) во кое за меч на колото е издвоен дуелот помеѓу францускиот вицепрвак Монпелје и вицешампионот на Германија, Кил (17.15 ч). По двата неочекувани порази од Порто и од Монпелје, ракометарите на полскиот првак Киелце денеска (17 ч.) на гостувањето кај Мешков ќе одиграат „одлучувачки“ меч за нив, ако сакаат да завршат на посакувана позиција на табелата и да ги зачуваат шансите за пласман на завршницата во Келн.

Важен дуел денеска (17.30 ч. пренос на МТВ) ги очекува и ракометарите на Вардар, кои во минатото коло претрпеа пораз дома од Кил. На гостувањето кај Веспрем вардарци ќе бидат под водство на новиот тренер, рускиот селектор Едуард Кокшаров, кој по поразот од Кил го зазеде местото на Шпанецот Давид Писонеро, кој ќе ја има улогата на помошник.

Францускиот ПСЖ, пак, во обид да го задржи максималниот ефект и по 5-то коло, од 20 часот треба да му гостува на шпанскиот гигант Барселона, кој го има најдобриот напад во лигата со 35,5 гола по меч. 


ДВОЈКИ, 5. КОЛО
ДЕНЕСКА
Порто – Мотор 16.30 ч.
Мешков – Киелце 17 ч.
Монпелје – Кил 17.15 ч.
Веспрем – Вардар 17.30 ч.
Кристијанстад – Чеховски 18 ч.
Барселона – ПСЖ 20 ч.
УТРЕ
Бидасоа – Савехов 12.10 ч.
ГОГ – Кадетен 15.10 ч.
Висла – Динамо 16 ч.
Алборг – Фленсбург 16.50 ч.
Загреб – Сегед 17 ч.
Целје – Елверум 17 ч.
Еурофарм – Татран 17 ч.
Кокс – Спортинг 17 ч.