Нант и Лазаров во финалето на ракометната Лига на шампиони

729

Екипата на Нант е првиот финалист на „Фајнал фор“ турнирот од ракометната Лига на шампионите, откако попладнево во Келн триумфираше над фаворитот ПСЖ со 32:28 (17:14).

Нант водеше речиси цел натпревар, го диктираше темпото на натпреварот и заслужено дојде до мечот за шампионската титула.

Македонскиот репрезентативец Кире Лазаров постигна осум гола на мечот, од кои седум од пенал, исто колку и Турна, а голема заслуга за победата на Нант имаше и голманот Думулан, кој демонстрираше извонредно издание на голот.

Во составот на ПСЖ се истакнаа Ремили со шест и Хансен со пет гола.

Македонскиот капитен урна и рекорд откако стана најдобар стрелец на Ф4 турнирите со вкупно 59 погодоци.

Ривал на Нант во финалето ќе биде подобриот од мечот меѓу Вардар и Монпелје, кој почнува од 18:00 часот.