Намалување на трошоците за клубовите за да можат економски да преживеат?

41
ФранкБоман

РАКОМЕТ – ГЕРМАНИЈА

Не треба да имате математички вештини за да констатирате дека треба да се направи нешто. Мораме значително да ги намалиме трошоците, во спротивно нема да можеме да ја надминеме кризата, вели директорот на германската ракометна Бундес-лига (ХБЛ), Франк Боман, во интервју за германскиот „Спорт 1“.
– Ќе треба да има кратење на платите и кај играчите и кај тренерите. Ова намалување на трошоците е потребно за клубовите да можат економски да преживеат.

Ова е многу непријатна ситуација, преговорите ќе бидат тешки. Неопходно е да се обезбеди и итно враќање на примањата на играчите во случај на позитивен финансиски развој на ситуацијата и враќање на работите во нормала. Препорачуваме клубовите да преговараат што е можно потранспарентно за да имаат играчите разбирање за преземените мерки. Исто така, клубовите не треба да ги намалат платите за да имаат поголем профит, туку да го направат тоа за да ја надминат кризата за да можат да продолжат да играат ракомет и во иднина – вели Боман.

Забраната за собири на поголеми групи во Германија поради пандемијата на коронавирусот важи до 31 август, но ако таа трае и до почетокот на новата сезона тоа би било удар за клубовите. Тие би биле принудени да играат без гледачи, а приходите од билети се едни од основните за клубовите. Се огласија и ракометарите преку својот претставник во одборот, репрезентативниот голман Јоханес Битер, кој во спортското шоу АРД порача дека играчите се подготвени на соработка, но со поголема клупска транспарентност.