Металург 2 третпат во низа младински првак на Македонија

601
Младинците на Металург 2 се старо-новите шампиони на Македонија

Во финалето на завршниот фајналфор, ракометарите од Автокоманда го совладаа Вардар со 23-21

Младинците на Металург 2 се старо-новите ракометни шампиони на Македонија, откако во финалето на завршниот фајналфор турнир, славеа над врсниците од Вардар со 23-21. За младите металурзи ова е трета титула во низа во младинска конкуренција, а исто така и трета титула сезонава во младите категории на ракометниот расадник Металург. Претходно до титули стигнаа пионерките и младинките на Металург.
Во мечот за трето место младите ракометари на КЛ-7 Струга забележаа победа од 21-19 над Борец од Велес.

Левиот бек на Металург 2, Стефан Додиќ беше прогласен за најдобар стрелец и за МВП (најкорисен играч) на завршниот турнир, а во најдобрата седморка на завршницата се најдоа: голманот на Борец Бојан Солев, левото крило на Металург 2 Дарио Кофиловски, левиот бек на Металург 2 Стефан Додиќ, средниот бек на КЛ-7 Струга Дејан Џигеровски, десниот бек на Металург 2 Ненад Костески, десното крило на Вардар Ален Ќосевски и пикерот на КЛ-7 Струга Филип Пајковски. 

Прваци во последните 10 сезони

ГОДИНА   КЛУБ

2009         Пелистер
2010         Пелистер
2011         Вардар
2012         Текстилец
2013         Пелистер
2014         Вардар
2015         Вардар
2016         Металург 2
2017         Металург 2
2018         Металург 2