Металург стартува во ЛШ со гостување кај Спортинг Лисабон

87

Ракометарите на Металург новата сезона од Лигата на шампионите ќе ја почнат со натпревар на гостински терен кај Спортинг Лисабон на 15 септември, додека првиот дел од групната фаза ќе го завршат на 1 декември на гости кај Татран Прешов.

Единствено за натпреварот од третото коло, кога во Скопје ќе гостува екипата на Татран Прешов, сè уште не е утврден терминот.

Металург оваа сезона е во група со екипите Спортинг Лисабон, Бешикташ, Татран Прешов, Бјерингбро Силкеборг и Чеховски Медведи.

Распоред на натпреварите (по македонско време):
1. коло (15.09.2018 г., 19:30 ч.): Спортинг Лисабон – Металург
2. коло (23.09.2018 г., 17:00 ч.): Металург – Бешикташ
3. коло (26/30.09.2018 г.): Металург – Татран Прешов
4. коло (07.10.2018 г., 15:10 ч.): Бјерингбро Силкеборг – Металург
5. коло (13.10.2018 г., 15:00 ч.): Чеховски Медведи – Металург
6. коло (04.11.2018 г., 17:00 ч.): Металург – Чеховски Медведи
7. коло (11.11.2018 г., 17:00 ч.): Металург – Спортинг Лисабон
8. коло (17.11. 2018 г., 14:00 ч.): Бешикташ – Металург
9. коло (24.11.2018 г., 17:30 ч.): Металург – Бјерингбро Силкеборг
10. коло (01.12.2018 г., 19:30 ч.): Татран Прешов – Металург.