Металург ремизираше со Извиѓач

38

Металург ремизираше со 27:27 против Извиѓач во натпревар од четвртото коло во СЕХА лигата одигран во Скопје.

Македонскиот тим не успеа да ја потврди фаворитската улога и да го искористи домашниот терен за да стигне до првата победа сезонава во регионалната лига.

По првите десетина минути на равноправна игра гол за гол, ракометарите на Металург воспоставија контрола на теренот и по серија од неколку голови на паузата заминаа со предност од 15:11.

На стартот од вториот дел Металург со низа од грешки им дозволи на ракометарите на Извиѓач по пет минути игра да израмнат на 16:16, а потоа и да поведат.

Петнаесетина минути пред крајот на мечот македонските ракометари израмнија и во неколку наврати се обидоа да направат резултатски пресврт, но гостите од Босна и Херцеговина не дозволија да бидат изненадени и натпреварот заврши нерешено 27:27.

Металург има три порази и едно реми сезонава во СЕХА лигата.